Најниска инфлација за речиси три години

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна на 3,8 отсто во јануари од 5,5 отсто во декември, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија KSH.

Инфлацијата во Унгарија сега е најниска од март 2021 година.

Цените на храната се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 4,8 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, зголемувајќи се за 8,1 отсто во јануари наспроти 10,3 отсто во декември.

Во услужниот сектор, исто така, е забележано забавување на растот на цените на годишна основа, на 10,4 отсто од декемвриските 12,4 отсто, објавено е на веб-страницата на КСХ.

Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија падна на 6,1 отсто од 7,6 отсто во декември.

На месечно ниво цените се зголемени за 0,7 отсто во однос на декември, но облеката и обувките поевтинуваат за 2,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Го надминува дозволеното задолжување со долгови: Германија одобрува ребаланс за 2023 година

BiznisPRO

Илон Маск отпушти речиси половина од вработените во „Твитер“, а на оние што останаа им постави нов ултиматум

BiznisPRO

Платата за пракса во компании станува стандард во ЕУ?

BiznisPRO