Американската агенција го намали кредитниот рејтинг на Русија, и сега е чекор поблиску до банкрот

Американската агенција за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings“ денеска го намали рејтингот на Русија на „CCC-“ (лоша кредитна способност, многу висок кредитен ризик). Тие се однесуваат на санкциите на Западот наметнати на Москва поради инвазијата на Украина, што според агенцијата го зголемува ризикот од неисполнување на обврските.

– Намалувањето на рејтингот уследи по наметнувањето мерки за кои веруваме дека веројатно значително ќе го зголемат ризикот од неплаќање – наведува „S&P Global Ratings“.

– Меѓу нив се и контролата на капиталот воведена од властите, чија цел е да се заштити рубљата од влијанието на строгите економски санкции, притоа да се зачуваат преостанатите употребливи резерви.

Можеби ќе ве интересира...

Русите се закануваат: „Барел нафта ќе чини 500 долари, а цената на гасот подобро да не знаете!“

BiznisPRO

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов Претставник во Северна Македонија

BiznisPRO

„КРИПТО СЕКТОРОТ ИЗЛЕГУВА ОД СЕНКА“ Поради милиони долари донации, Украина одлучи да ги регулира дигиталните пари

BiznisPRO