Регулаторна донесе одлука: Цените на горивата остануваат исти – еве по колку ќе се точи бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 14.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да не се променуваат, односно да останат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.03.2022 година.

Согласно денешната Одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 88,00 денари/литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 денари/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 60,914 денари/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Макпетрол разгледува можност да прекине со продажба на гориво, откако им беа намалени маржите – не можеле да изддржат

BiznisPRO

По празниците УЈП ќе излезе со информација за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок

BiznisPRO

Колку вреди крипто пазарот?

BiznisPRO