СПИСОК НА СКОРО 600 ПРОИЗВОДИ: Луксузни предмети забранети за извоз во Русија и Белорусија

Американското Министерство за трговија објави листа на американски луксузни производи кои се забранети за извоз во Русија и Белорусија, поради настаните во Украина.

Списокот од речиси 600 производи вклучува алкохолни пијалоци, козметика, облека и обувки кои чинат најмалку илјада долари, крзно, корали, чанти и куфери, теписи, антиквитети, тутунски производи, накит, моторни санки, опрема за нуркање, поморски мотори, мотоцикли и патнички возила.

Забраната, објавена од американскиот претседател Џозеф Бајден во петокот, ќе стапи на сила на 16 март.

Според американското Министерство за трговија, забраната се однесува и на одредени руски и белоруски олигарси кои се на списокот со санкции поради поддршка на руската влада.

Можеби ќе ве интересира...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

BiznisPRO

Кина останува лидер: Русија оваа година би можела да го собори рекордот за извоз на течен природен гас во ЕУ

BiznisPRO

Германските компании очајно бараат ИТ експерти, платите високи

BiznisPRO