Европските производители на автомобили апелираат: „Сакаме повеќе полначи за електрични возила“

Производителите на автомобили во Европската унија (ЕУ) бараат да се забрза инсталирањето на станици за полнење на електрични возила.

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), со седиште во Брисел, издаде соопштение за инфраструктурни инвестиции за електрични возила.

Во соопштението се наведува дека продажбата на електрични автомобили во Европа е зголемена за десет пати во последните пет години, достигнувајќи 1,7 милиони возила минатата година.

Потсетувајќи дека вкупниот пазарен удел на електричните автомобили е 18 отсто, во соопштението се додава дека бројот на јавни полначи во ЕУ е зголемен само 2,5 пати во последните десет години.

Како што се наведува, веќе се инсталирани 2.000 нови полначи неделно низ ЕУ, а тој број треба веднаш да се зголеми на 14.000 неделно.

Потсетувајќи дека ЕУ си постави цел до 2030 година да ги намали емисиите од автомобилите за 55 отсто, беше истакнато дека за да се постигне таа цел потребни се 6,8 милиони полначи за возила.

Можеби ќе ве интересира...

Американската компанија направи драстичен потег: Престана производството на една од најголемите фабрики во Германија

BiznisPRO

Илјадници луксузни германски автомобили заглавени во американските пристаништа

BiznisPRO

Глобалната продажба на електрични автомобили во 2023 година се зголеми за 31 отсто

BiznisPRO