Инфлацијата во Турција скокна на 61,14 отсто во март

Годишната инфлација во Турција скокна на нов 20-годишен рекорд од 61,14 отсто во март, поттикната од растот на цените на енергијата и суровините по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт што ги влоши последиците од минатогодишниот пад на лирата, покажуваат официјалните податоци.

На месечна основа, потрошувачките цени во Турција пораснале за 5,46 отсто, соопшти турскиот статистички институт.

Економистите анкетирани од Ројтерс предвидоа месечна инфлација од 5,7 отсто и годишна инфлација од 61,5 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

„Алибаба“ на добар пат да ја преземе доминацијата во глобалната интернет-продажба

BiznisPRO

Германците се почесто земаат мали кредити

BiznisPRO

Подобро од другите: Apple сега вреди повеќе од 3 познати компании ЗАЕДНО

BiznisPRO