Скок на цената на пченицата на светските пазари

Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си”.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но досега не беше главен извозник оттаму што најголем дел од остварените приноси ги трошеше за сопствени потреби.

Владините претставници во Њу Делхи соопштија дека забраната не е трајна и оти може да се преиспита.

Цените на пченицата годинава пораснаа за околу 60 насто на светските берзи.

Ситуацијата со цената на пченицата настана откако запре извозот од Украина, која е еден од најголемите производители на таа житна култура во светот со седумпроцентно учество во глобалното снабдување.

Можеби ќе ве интересира...

Германскиот гигант бара 3.200 луѓе: Плати до 58.000 евра годишно

BiznisPRO

Секој трет Германец престанува да вози автомобил, некои дури и крадат гориво

BiznisPRO

Доларот драстично падна минатата недела

BiznisPRO