Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта

Денеска, до 11 часот, склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите во пунктовите на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до своите домови и објекти.

Во меѓувреме, „ЕСМ – Снабдување“ подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови за што јавноста ќе биде навремено известена, велат од компанијата.

„Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од пунктовите, со приложување документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ‘ЕСМ – Снабдување’ тој ќе биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

Исто така, „ЕСМ – Снабдување“ во наредниот период ќе го достави образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде што се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од пунктовите на „ЕСМ – Снабдување“, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на „ЕСМ – Снабдување“ тој ќе биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот“, соопштија од ЕСМ.

Од таму додаваат дека со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна.

„ЕСМ – Снабдување“ ќе воспостави и директни контакти со корисниците, кои од лични причини не може да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во својот дом.

Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот во согласност со нивните можности, дополнуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира...

Со новиот закон секое домаќинство ќе може да инсталира фотоволтаични системи на својот кров

BiznisPRO

Дали треба да посетите менувачница: Објавена курсната листа за 7-ми март 2024

BiznisPRO

Лукаревска: На 24 ноември ќе се блокираат сметките на оние кои не платиле солидарен данок

BiznisPRO