Цените на лебот, млекото, месото паѓаат – Владините мерки даваат резултати, инспекциите на готовс за решавање на “воените профитери”

Деновиве во поголемите ланци на маркети сме сведоци на намалување на цените на производите, па така леб може да се најде од 37-40 денари, маслото за јадење е околу 110-115 денари што е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60-70 денари, а маслото 160 денари за литар.

Се намалуваат и цените на млечните производи.

Во продавниците веќе може да забележиме намалени цени на свежото месо, но и значително намалување на сувомеснатите производи.

Но и овие намалувања се далеку од цените по кои треба да се продаваат производите. Сепак првите ефекти треба да се очекуваат од втората половина на месецов.

Владата обезбеди евтина струја за над 200 прехранбени компании кои произведуваат основни продукти. Овие компании од почетокот на декември плаќаат 80 евра за мегаватчас и нема да зависат од секојдневните поместувања на скапата берзанска струја.

Цените допрва ќе паѓаат
И актуелните намалени цени допрва треба да паѓаат со оглед дека двата инпути за производство, како струја и гориво драстично поевтинија за разлика од пред 3 месеци.

Струјата им поевтини неколкукратно, со оглед дека имаше периоди кога компаниите плаќаа и над 600 евра за мегават час, сега плаќаат максимални 80 евра.

Дополнителна позитивна ситуација е значителното намалување на нафтата,која чинеше и над 110 денари за литар, а сега се движи околу 80 денари за литар, што е за 25% помалку.

Можеби ќе ве интересира...

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

BiznisPRO

WIZZ AIR ПОСТИГНА УШТЕ ЕДЕН ПРЕСВРТ ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЈАГЛЕРОД

BiznisPRO

Тргнува исплатата на пензиите

BiznisPRO