Финците се бришат од регистарот за вработување и бегаат од земјата: нивното засолниште повеќе не е Шведска

Повеќе Финци сега се преселуваат во Норвешка во потрага по подобра заработка, наместо во Шведска, како што беше случајот порано.

Ова се наведува во соопштението на советодавната служба на Нордискиот совет на министри.

Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.

Меѓутоа, сега за граѓаните на Финска, Норвешка е многу поинтересна поради подобрите плати, се вели во соопштението на советодавната служба на Нордискиот совет на министри, а пренесува финската агенција STT.

Според извештаите, трендот е особено изразен кај медицинските сестри, додека во исто време Финска се соочува со недостиг на кадар во здравствениот сектор.

Речиси илјада регистрирани медицински сестри во Финска беа избришани од националниот регистар минатата година.

Честа причина за напуштање на професијата, според органот за лиценцирање Валвира, е незадоволството од моменталната состојба на секторот.

Според истражувањето на финскиот јавен сервис Yle, капацитетите на болничките одделенија низ Финска биле намалени минатата година, а некои дури и биле затворени, поради недостаток на медицински сестри.

Можеби ќе ве интересира...

Wizz air доби награда како една од топ 5 најбезбедни нискобуџетни авиокомпании

BiznisPRO

„Подгответе се – отпуштаме 800 работници“

BiznisPRO

Нова ситуација на берзата Binance: Биткоинот скокна за 5 отсто на над 25.000 евра

BiznisPRO