Германија бележи пад на индустриското производство шести месец по ред

Индустриското производство во Германија падна за 0,7 отсто во ноември 2023 година, што е намалено шести месец по ред, јавува Анадолија.

Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) објави податоци за индустриското производство за ноември 2023 година.

Индустриското производство падна за 0,7 отсто во ноември 2023 година во однос на претходниот месец. Пазарот очекуваше пораст од 0,2 отсто.

Како што се наведува во соопштението, индустриското производство во земјава е намалено шести месец по ред.

Податоците за индустриското производство покажуваат дека индустриското производство, без енергетскиот и градежниот сектор, во ноември 2023 година паднало за 0,5 отсто во однос на претходниот месец.

Производството на енергија е зголемено за 3,9 отсто, додека пад од 2,9 отсто е забележан во градежништвото.

Можеби ќе ве интересира...

„КРИПТО СЕКТОРОТ ИЗЛЕГУВА ОД СЕНКА“ Поради милиони долари донации, Украина одлучи да ги регулира дигиталните пари

BiznisPRO

Ќе се преиспитува работењето: Најголемата крипто берза размислува за ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РУСИЈА

BiznisPRO

Биткоин на највисоко ниво на сите времиња: Сега вреди повеќе од 72.000 долари

BiznisPRO