Инфлацијата ќе ги „изеде“ покачувањата на Германците

Куповната моќ на германските граѓани најверојатно ќе остане на нивото од 2023 година и во новата година, бидејќи зголемувањето на цените ќе го неутрализира повисокиот расположлив доход на домаќинствата, според прогнозите на институтот за истражување на пазарот GfK.

Нето расположливиот приход по жител ќе изнесува во просек 27.848 евра, пресмета ГфК, а во оваа сума се вклучени државните трансфери како што се пензии, надоместоци за невработеност и детски додаток.

Најмалата сума за лична потрошувачка, домување, слободно време и заштеда, од 24.702 евра, ќе имаат граѓаните на сојузната покраина Бремен, а највисоката сума, од 30.130 евра, ќе имаат Баварците.

Споредено со 2023 година, сумата на ниво на цела Германија ќе биде поголема за 2,8 отсто, односно за 767 евра по жител.

Прилагодена за инфлацијата, таа ќе биде приближно исто како и во 2023 година.

Зголемувањето на расположливиот доход барем ќе ја амортизира инфлацијата, која годинава, според прогнозите на Бундесбанк, треба да изнесува 2,7 отсто.

Но, поради политичката неизвесност, граѓаните се склони да трошат само во ограничен обем и оваа година веројатно повторно ќе бидат повеќе склони кон штедење.

Можеби ќе ве интересира...

Икеа се шири

BiznisPRO

Го надминува дозволеното задолжување со долгови: Германија одобрува ребаланс за 2023 година

BiznisPRO

Над два милиони луѓе во Германија ќе добијат по 600 евра

BiznisPRO